• понеделник, 23 декември 2024

Јотова: Амандманот на резолуцијата за Северна Македонија е недозволив

Јотова: Амандманот на резолуцијата за Северна Македонија е недозволив
Скопје, 23 март 2021 (МИА) - Европратениците подготвуваат недозволив амандман во резолуцијата за Република Северна Македонија. Амандманот е насочен против Бугарија. Невидено е дека таков документ содржи и укор кон сегашна земја-членка, напиша потпретседателката на Бугарија Илиана Јотова на нејзиниот ФБ профил. Таа ги повика, како што вели, нејзините поранешни колеги во Групата на Социјалистите и демократите во Европскиот Парламент да го повлечат амандманот. -Јазикот на омраза и провокативни изјави, како и сузбивањето на правата на луѓето со бугарска самосвест се заштитен знак на Република Северна Македонија. Подготвениот амандман уште еднаш го потврдува неуспехот на бугарската држава да им ја објасни на своите европски партнери својата позиција за Република Северна Македонија, вели Јотова. вг/ац/

Остани поврзан