Јовиќ сака да се врати во Франкфурт
- На српскиот фудбалер не му одговара односот на тренерот на тимот Зинедин Зидан. Тој е разочаран од ситуацијата на „Бернабеу“.
Франкфурт, 22 септември 2020 (МИА) - Напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ има намера да го напушти тимот, според „Марка“.
На српскиот фудбалер не му одговара односот на тренерот на тимот Зинедин Зидан. Тој е разочаран од ситуацијата на „Бернабеу“.
Затоа 22-годишниот Јовиќ сака да се врати во Ајнтрахт (Франкфурт), од каде што Реал го купи за 60 милиони евра летото 2019 година.
Минатата сезона Јовиќ одигра 25 натпревари во сите натпреварувања. Постигна 2 гола и направи 2 асистенции.