• среда, 04 декември 2024

Јеменските Хути тврдат дека извршиле три напади врз Израел

Јеменските Хути тврдат дека извршиле три напади врз Израел

Сана, 3 декември 2024 (МИА) - Поддржаните од Иран Хути од Јемен соопштија дека извршиле три напади со дронови врз Израел во изминатите 48 часа, во координација со своите сојузници во Ирак, пренесува ДПА.

Во изјавата, Хутите наведоа дека две операции биле насочени кон северен Израел, додека третата била насочена кон јужниот град Ејлат.

Минатата недела, Хутите соопштија дека ќе продолжат со нападите врз Израел како поддршка за Палестинците во Газа, и покрај постигнатиот договор за примирје меѓу Израел и либанската милитантна група Хезболах.

Од почетокот на војната во Газа минатата година, Хутите лансираат ракети и дронови кон цели во Израел и напаѓаат бродови во Црвеното Море. Коалицијата на проирански групи во Ирак, позната како Исламски отпор во Ирак, исто така има таргетирано израелски цели.

Вчера, израелската војска соопшти дека дрон кој летал од исток бил соборен пред да влезе во израелскиот воздушен простор. Израелски воен брод во Црвеното Море уништил беспилотно летало со ракета. ссм/

фото: архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан