• среда, 04 декември 2024

Јан Липавски: Близу 100 сомнителни инциденти во Европа годинава може да и се препишат на Русија

Јан Липавски: Близу 100 сомнителни инциденти во Европа годинава може да и се препишат на Русија

Брисел, 4 декември 2024 (МИА) – Близу 100 „сомнителни инциденти“ во Европа годинава може да и се препишат на Русија, изјави денеска чешкиот министер за надворешни работи Јан Липавски при пристигнувањето на министерскиот состанок на НАТО во Брисел.

- Годинава имаше 500 сомнителни инциденти во Европа. До 100 од нив може да се припишат на руски хибридни напади, шпионажа, операции на влијание. Треба да испратиме силен сигнал до Москва дека тоа нема да се толерира, рече Липавски.

Министрите за надворешни работи на 32 земји-членки на НАТО се во Брисел на последната средба на високо ниво пред новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да ја преземе функцијата во јануари. јт/

Фото: ЕПА архива

Остани поврзан