• среда, 20 ноември 2024

Јапонија ќе одржи онлајн самит на Г-7, ќе учествува и Зеленски

Јапонија ќе одржи онлајн самит на Г-7, ќе учествува и Зеленски

Токио, 6 декември 2023 (МИА) - Јапонскиот премиер Фумио Кишида вечерва ќе одржи онлајн самит на Г-7, на кој е поканет и украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопшти на прес-конференција генералниот секретар на јапонскиот кабинет Хироказу Мацуно.

-Вечерва премиерот Фумио Кишида, во својство на претседавач со Г-7, планира да одржи онлајн разговори на лидерите на „седумката“. Покрај лидерите на „седумката“, на почетокот на средбата ќе присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кажа Мацуно.

Според него, лидерите на Г7 планираат да разговараат за „важни прашања со кои се соочува меѓународната заедница“, вклучувајќи ја и ситуацијата во Украина, Блискиот Исток и прашањата поврзани со вештачката интелигенција. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан