• петок, 22 ноември 2024

Јанџин во Кина - „најтесниот округ“ на светот

Јанџин во Кина - „најтесниот  округ“  на светот

Жаотонг, 6 февруари 2024 (МИА) - Меѓу стрмните планински карпи покриени со зеленило, во североисточниот дел на покраината Јунан во Кина, се наоѓа градот Жаотонг. Тој е сместен сред Округот Јанџин којшто важи за „најтесниот округ“ на светот.

Ова населено место се наоѓа во горниот тек на реката Јангце, старо е со векови и било дел од познатиот трговски „Пат на свилата“. Сместен меѓу планинските карпи, во околината на округот има и многу планински извори, над 30 речни базени, пештери итн. Меѓу туристите е популарен зашто нуди одмор од урбаниот начин на живот.

Името градот го добил по тоа што порано тука имало солана. Во античко време, градот бил населен од народот Бо.

На падините од варовник растат разни видови орхидеи и лековити билки. Градот се нарекува и „Врата кон срцето на Јунан“.  си/ссм/

Фото: Википедија

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан