Јанчев: Изградба на модерен био пазар - инвестиција во здравјето, земјоделието и локалниот развој
- Како што појаснува градоначалникот, овој проект има за цел да обезбеди современ, уреден и сертифициран простор каде локалните земјоделци, органски производители и мали семејни бизниси ќе можат директно да ги продаваат своите производи, нагласува, без посредници - по фер цени, со зголемена доверба од потрошувачите.
Кавадарци, 12 декември 2025 (МИА) - Започна изградбата на нов модерен био пазар во Кавадарци - инвестиција во здравјето, земјоделието и локалниот развој, се наведува во денешната објава на „Фејсбук“ на градоначалникот Митко Јанчев.
- Ваквиот вид на пазар ќе биде прв од ваков вид во Тиквешкиот регион, инвестираме во здравјето, земјоделието и локалниот развој во Кавадарци, се додава во објавата.
Како што појаснува градоначалникот, овој проект има за цел да обезбеди современ, уреден и сертифициран простор каде локалните земјоделци, органски производители и мали семејни бизниси ќе можат директно да ги продаваат своите производи, нагласува, без посредници - по фер цени, со зголемена доверба од потрошувачите.
- Со овој капитален проект инвестираме во три столба - здравјето на граѓаните, економската моќ на нашите производители и одржливата иднина на Кавадарци. Ова е простор каде локалното добива вистинско значење. Клучни карактеристики на био пазарот: простори за продажба на органски јаткасти плодови, мед, преработки и домашни прозводи, сирење, кашкавал, урда, путери од јаткасти плодови и слично, објектот ќе биде поделен на 15 деловни единици, нагласува Јанчев.
Се додава дека проектот е дел од визијата за Кавадарци како еколошки одговорна и економски динамична општина, што ги поттикнува локалните производители, го скратува синџирот на снабдување и ја зголемува свесноста за здравите животни навики.
Како што се наведува, пазарот ќе биде изграден во зона со комерцијална и деловна намена. свд/бд/
Фото: „Фејсбук“ - страница на градоначалникот Митко Јанчев