• вторник, 24 декември 2024

Јанковиќ се врати во Косово, соопшти шефица на косовската дипломатија

Јанковиќ се врати во Косово, соопшти шефица на косовската дипломатија

Приштина, 19 април 2024 (МИА) - Заменик генералниот директор на косовската полиција Дејан Јанковиќ се врати во Косово, соопшти косовската министерка за надворешни работи Доника Гервала, јавуваат приштинските медиуми.

Јанковиќ во средата беше уапсен на границата меѓу Косово и Србија, поточно на преминот Јариње, а потоа спроведен до Рашка.

Гервала претходно апсењето на Јанковиќ го нарече „очајнички чин на одмазда од Србија по масовното гласање на Парламентарното собрание на Советот на Европа“ за прием на Косово во таа организација. ссм/

фото: архива

Остани поврзан