• среда, 06 ноември 2024

Јаневска: МОН е оставен во минус од пет милијарди денари, ќе обезбедиме плата за сите вработени

Јаневска: МОН е оставен во минус од пет милијарди денари, ќе обезбедиме плата за сите вработени

Скопје, 16 јули 2024 (МИА) – Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, изјави дека не треба да има грижи, бидејќи и со буџет од минус 5 милијарди денари, ќе обезбедат да има плати за вработените во образованието, да се исплаќа финансиската поддршка за учениците и да расте студентскиот стандард.

Како што информираат од Министерството за образование и наука, на вечерашното гостување на Алфа ТВ, министерката зборувала и за актуелните состојби во образованието и промените кои ќе следат за време на нејзиниот мандат. 

- Ќе се потрудиме да направиме корисни чекори за да се унапреди квалитетот на образованието и веќе имаме позитивни реакции по однос на одложувањето на Концепцијата за основно образование и ревидирањето на наставните програми за седмо, осмо и деветто одделение, посочила таа.

Осврнувајќи се на инклузијата во образованието, дополнила дека предлагаат измена на законите за основно и средно образование и заедно со стручната јавност и родителите ќе одлучат кое е најдоброто решение за инклузија.

Министерката говорела и дека постои голем притисок врз наставниците за поправање оценки на крајот од учебната година, но дека има план како да бидат ослободени од тој притисок, а од следната учебна година, како што дополнила, ќе се отвори и телефонска линија за пријавување неправилности во работењето на образовните установи. ар/ев/
Фото: МИА архива 

Остани поврзан