• понеделник, 15 декември 2025

Јавно обвинителство на РСМ: Дејствија по увидот на лице место по вчерашната оружена престрелка на Бит Пазар

Јавно обвинителство на РСМ: Дејствија по увидот на лице место по вчерашната оружена престрелка на Бит Пазар

Скопје, 26 април 2025 (МИА) - Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје извршил увид на лице место по вчерашната оружена престрелка кај Бит Пазар, соопштија денеска од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Од лице место биле се прибрани траги кои ќе бидат предмет на вештачење. Врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.

По наредба на јавен обвинител, се додава во соопштението, се обезбедуваат снимки од видео надзор од околните објекти. Се издаваат сите потребни наредби и насоки за идентификација на инволвираните и целосно расчистување на настанот. цр/

Фото: МИА архива

Остани поврзан