• сабота, 06 јули 2024

Јавниот превоз утре по неделен возен ред, сите билетарници на ЈСП „Скопје“ ќе бидат затворени

Јавниот превоз утре по неделен возен ред, сите билетарници на ЈСП „Скопје“ ќе бидат затворени

Скопје, 1 август 2023 (МИА) - Поради државниот празник 2 Август, Денот на Републиката - Илинден, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, а сите продажни места на ЈСП „Скопје“ ќе бидат затворени.

Како што информира ЈСП „Скопје“, жичарницата ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот.

Во период од 19 до 19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу. мд/дма/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан