• петок, 22 ноември 2024

Јавен конкурс за избор на нов ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола

Јавен конкурс за избор на нов ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола
Битола, 27 април 2022 (МИА) - Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола (УКЛО) почна постапка за избор на нов ректор, чиј мандат ќе се одвива за време од три години, односно во периодот од 1 октомври оваа година до 30 септември 2025 година. Изборот на слободни непосредни и тајни избори ќе го вршат членовите на наставно-научните, научните и наставничките совети на единиците, односно членките на УКЛО-Битола. Кандидатот за ректор треба да е редовен професор и да предложи програма за работа и развој на Универзитетот за мандатниот период од три години. Како што е познато вториот македонски универзитет е конституиран на 25 април 1979 година, а од 8 декември 1994 година го носи името Универзитет „Св. Климент Охридски“-Битола. Во рамките на УКЛО-Битола членуваат Економскиот факултет во Прилеп, Технички факултет-Битола, Факултет за туризам и угостителство-Охрид, Биотехнички факултет-Битола, Педагошки факултет-Битола, Институт за тутун-Прилеп, Хидробиолошки завод-Охрид, Институтот за старословенска култура-Прилеп, НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“, Висока медицинска школа, Правен факултет-Кичево, Технолошко-техничкиот факултет-Велес, Ветеринарен факултет-Битола, Факултет за безбедност-Скопје и Факултетот за информатички и комуникациски технологии-Битола. Универизиетот „Св. Климент Охридски“-Битола има свој грб и знаме, а кој кандидат ќе ги носи ректорските инсигнии, ректорската тога и свечена одора ќе се знае по завршувањето на непосредните избори кои наскоро ќе се одржат на универзитетот. мт/вј/

Остани поврзан