• петок, 22 ноември 2024

Ѓурѓај имал средба со претставници на македонската Амбасада во Тирана

Ѓурѓај имал средба со претставници на македонската Амбасада во Тирана

Дебар, 19 април 2024 (МИА) - Претседателот на Македонското друштво „Илинден“ - Тирана, Никола Ѓурѓај денеска остварил средба со претставници на македонската Амбасада.

- На работната средба, министерот советник Љуфтим Спахиу и Радмила Стојмировска, прв секретар во Амбасадата, ги информирав за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во Република Албанија. Притоа беа актуелизирани прашања што се однесуваат на проблемите на македонското национално малцинство во оваа земја, информира Ѓурѓај.

Спахиу и Стојмировска биле информирани и за активностите на друштвото.

- Во текот на разговорот, Спахиу и Стојмировска искажаа посебен интерес за положбата на македонско национално малцинство. На средбата, многу отворено, се разговараше за можни активности што би помогнале за надминување на проблемите на Македонците во повеќе сфери, посочува тој.

Секако, додава, во опсегот на надлежностите, Спахиу и Стојмировска искажале подготвеност да помогнат за подобрување и унапредување на малцинските права на Македонците во Република Албанија. вт/бд/

Фото: МД „Илинден“

Остани поврзан