• понеделник, 23 декември 2024

Ѓорѓиевски: Заев го злоупотребувал масакрот кај Смилковско Езеро за политички цели

Ѓорѓиевски: Заев го злоупотребувал масакрот кај Смилковско Езеро за политички цели
Скопје, 7 февруари 2020 Зоран Заев монструозно го злоупотребувал масакрот кај Смилковско Езеро за политички цели од цела 2015 година па наваму. Кога се дрзнал да лаже, да манипулира и да си игра со судбините на семејствата на убиените, но и на целата македонска јавност, можете да замислите на што се е спремен Зоран Заев, што досега правел и се уште прави. Тој безочно лажел, ширел тенденциозни невистини, клеветел со намера да го оцрни политичкиот противник, но и со тоа да го насочи истражниот и судскиот процес во погрешен правец. Тоа е кривично дело и за тоа Зоран Заев мора да одговара. Но, најстрашно од се е што со своите лаги ги манипулирал родителите на убиените деца злоупотребувајќи ја оваа трагична судбина. Заев фабрикуваше, за сега пред судот да се прави дека не се сеќава или да се вади дека нешто слушнал случајно. Родителите на суд кажаа, а медиумите пренесоа, какви монструозни лаги им кажувал Заев на средбите кои што ги имал со нив. На родителите Заев им зборувал, замислете дека Трајко Велјановски бил вмешан во убиството на Смилковско Езеро, па им говорел дека наводно телефонот на советникот за безбедност од кабинетот на тогашниот претседател Иванов бил пронајден на местото на убиството и слични инсинуации. Заев сега се прави недоветен, па или не се сеќава што зборувал или целосно негира. Тоа само покажува до каде одел некрофилскиот ум на Зоран Заев, кога злоупотребувал нечија судбина за да измислува и пушта манипулации. Замислете тој дури и во 2018 година лажел, па на родителите им зборувал дека убијците користеле возило од МВР, со што имплицирал дека полицијата го извршила овој грозоморен чин. Бедно од страна на Заев! Имено, по одлуката на Врховен суд за ослободување на осомничените за масакрот, во 2018 година време кога Заев има апсолутна власт во Македонија, мајките на загинатите деца имале средба со Заев и тој им кажувал дека возилото Опел Омега кое го користеле убијците, било на МВР. Замислете за оваа своја лага сега Заев се вади дека нешто прочитал, па пренел на родителите. Ни доказ, ни истрага, ни бутур, туку имаме безочна лага од Заев со намера да ја дискредитира истрагата и судскиот процес, а само и со цел за ситни политички поени. Сега на јавноста и е јасно зошто осомничените и веќе еднаш осудени за убиството се наоѓаат на слобода и зошто радосно и насмеани си правеа селфи со Заев после неговото сведочење на суд. Зоран Заев прво ќе се соочи со судот на народот на 12 април за овие и за сите останати лаги. После 12 април Заев ќе треба да одговара и кривично заради своевидното попречување на правдата и манипулациите со масакрот кај Смилковско за ситни политички поени. После 12 април, Заев никогаш повеќе. Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан