Ѓорѓиевски: ЈПКД „Росоман“ подготвено за обезбедување безбедно сообраќање во зимски услови
- Јавното претпријатие за комунални дејности „Росоман“ е подготвено со механизација и човечки ресурси за навремено постапување и обезбедување безбедно сообраќање во зимски услови, соопшти денеска росоманскиот градоначалник Ѓорѓи Крстевски.
Росоман, 21 јануари 2026 (МИА) - Јавното претпријатие за комунални дејности „Росоман“ е подготвено со механизација и човечки ресурси за навремено постапување и обезбедување безбедно сообраќање во зимски услови, соопшти денеска росоманскиот градоначалник Ѓорѓи Крстевски.
- Зимската служба на ЈПКД „Росоман“ од утрово е на терен. За првпат оваа година, надлежностите за зимско одржување на локалните улици и патишта се префрлени на Јавното претпријатие за комунални дејности „Росоман“, со што се обезбедува побрза, поефикасна и поорганизирана реакција на терен. ЈПКД „Росоман“ е целосно подготвено со механизација и човечки ресурси за навремено постапување и обезбедување безбедно сообраќање во зимски услови, напиша градоначалникот на „Фејсбук“.

Во објавата, тој додаде дека се продолжува со системски решенија и подобри комунални услуги за сите во општина Росоман. свд/
Фото: „Фејсбук“ - страница на градоначалникот Ѓорѓи Крстевски