• петок, 22 ноември 2024

Ѓоковиќ со многу мака го совлада Микелсен во второто коло на Мастерсот во Шангај

Ѓоковиќ со многу мака го совлада Микелсен во второто коло на Мастерсот во Шангај

Шангај, 5 октомври 2024 (МИА) - Четвртиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ извојува тешка победа над Американецот Алекс Микелсен во второто коло на Мастерсот во Шангај. 

Во меч што траеше речиси два часа, Србинот двата сета ги доби на тајбрејк - 7:6 (7:3), 7:6 (11:9).

Во третото коло Ѓоковиќ ќе игра со победникот од дуелот меѓу Флавио Коболи (Италија) и Стен Вавринка (Швајцарија).

Наградниот фонд на Мастерсот во Шангај (Кина) изнесува девет милиони долари. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан