• петок, 14 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Шумски пожар се шири во североисточна Јапонија, досега изгореа над 2.100 хектари

Шумски пожар се шири во североисточна Јапонија, досега изгореа над 2.100 хектари

Токио, 3 март 2025 (МИА) - Огромен шумски пожар се шири во североисточна Јапонија, горејќи повеќе од 2.100 хектари од средата, а бројот на домови во опасност се зголемува, објавија денеска јапонските медиуми.

Пожарот во Офунато, префектурата Ивате, ги принуди жителите да се евакуираат.

Јапонскиот премиер Шигеру Ишиба вети дека „ќе ги искористи сите можности на противпожарната служба и силите за самоодбрана за да спречи пожарот да ги загрози домовите“. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан