• сабота, 18 мај 2024

Шукри: САД треба да му објаснат на Израел за последиците од копнената офанзива во Рафа

Шукри: САД треба да му објаснат на Израел за последиците од копнената офанзива во Рафа

Каиро, 18 март 2024 (МИА) – САД  мора јасно да му соопштат на Израел какви ќе бидат последиците од копнената офанзива врз градот Рафа, на југот на Појасот Газа, бидејќи токму официјален Вашингтон го објави своето противење на планираната операција, изјави денеска шефот на египетската дипломатија Самех Шукри.

-Не е доволна реториката и отворено да се кажува дека сте против ваквиот потег, важно е да се укаже што ќе се случи доколку тој став не се почитува, нагласи Шукри.

Египетскиот министер, исто така, предупреди дека хуманитарните последици и загубата на животи што би настанале како резултат на офанзивата ќе бидат „катастрофални“, пренесуваат британските медиуми.

Шукри ова го изјави денеска на заедничка прес-конференција со шефот на Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци (УНРВА), Филипе Лазарини.

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во петокот објави дека израелскиот премиер одобрил воен план за копнена операција во градот Рафа, каде во моментов  се наоѓаат повеќе од милион раселени Палестинци. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан