Шукова: БРТ-системот ќе превозува 65.000 патници дневно - Скопје ќе добие модерен и еколошки јавен превоз
- Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, во интервју за емисијата „360 степени“ истакна дека најголем приоритет во нејзината програма е воспоставувањето на БРТ-системот – брз и еколошки јавен превоз што ќе го реши сообраќајниот метеж и загадувањето во главниот град, се наведува во соопштението од СДСМ, кое МИА го пренесува интегрално.
17 октомври 2025
Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, во интервју за емисијата „360 степени“ истакна дека најголем приоритет во нејзината програма е воспоставувањето на БРТ-системот – брз и еколошки јавен превоз што ќе го реши сообраќајниот метеж и загадувањето во главниот град, се наведува во соопштението од СДСМ, кое МИА го пренесува интегрално.
„Скопје мора да има јавен превоз кој навистина функционира. Проектот за БРТ е подготвен, средствата се обезбедени и првата линија, од Ѓорче Петров до Аеродром, долга 13 километри со 21 станица, може да биде готова најдоцна до почетокот на 2028 година“, изјави Шукова.
Таа посочи дека ова е најзначајниот инфраструктурен проект во Скопје по неколку децении, бидејќи БРТ-системот ќе овозможи превоз на над 65.000 патници дневно, со нови, еколошки автобуси кои ќе се движат на секои неколку минути.
„Со ова решение, Скопје ќе добие јавен превоз каков што му доликува на модерен европски град - без застои, без загадување и со чиста мобилност достапна за сите“, додаде Шукова.
Таа најави дека паралелно со изградбата на првата линија, ќе се подготви и втората траса север–југ, со што ќе се поврзат сите делови на градот, а секоја година ќе се набавуваат нови еколошки автобуси за надградба на системот.
„Ова е проект што ќе го промени Скопје засекогаш - ќе му даде нов пулс, побрз ритам и почиста иднина“, порача Шукова.
Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=iozBQ_hjMg0
Шукова: Отпадот ќе стане ресурс – Скопје ќе добие модерен систем за селекција и рециклажа
Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, најави целосна реформа во системот за управување со отпадот, со што Скопје ќе добие одржлив и транспарентен модел по примерот на европските градови.
„Граѓаните ќе имаат јасен распоред кога кој тип на отпад се собира – понеделник комунален, вторник пластика и хартија, среда биоразградлив. Така ќе воспоставиме ред и навика за селекција,“ изјави Шукова.
Во првата година, ќе се набават нови камиони, контејнери и дигитална платформа преку која граѓаните ќе можат да го следат распоредот и да пријавуваат неправилности.
Посебен акцент таа стави на рехабилитацијата на депонијата Дрисла, каде што ќе се воведе систем за дегасификација, собирање исцедок и контрола на загадувањето.
„Ова е чекор кон вистинска циркуларна економија, отпадот повеќе не е проблем, туку ресурс што го враќаме во употреба. Така ќе имаме почист воздух, здрава почва и град што размислува одговорно,“ порача Шукова.
Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=iozBQ_hjMg0