Штрајк на вработените во Железницата во Италија, ќе трае до попладневните часови
- Во Италија денеска се одржува штрајк на вработените во Железницата, кој ќе трае до 17 часот.

Рим, 19 март 2025 (МИА) - Во Италија денеска се одржува штрајк на вработените во Железницата, кој ќе трае до 17 часот.
Се очекува штрајкот да влијае на регионалните и меѓуградските услуги со кои управува националниот железнички оператор „Трениталиа“, како и приватната железничка компанија Итало.
Причината за штрајкот се заложбите на синдикатот за обновување на колективните договори за работа на вработените во железничкиот сектор, пренесува порталот „Ин Триесте“. рп/
Фото: АНСА