• вторник, 05 ноември 2024

Штипските јавни претпријатија бележат добивки

Штипските јавни претпријатија бележат добивки

Штип, 26 септември 2023 (МИА) - Позитивна финансиска добивка во вториот квартал од 2023 година бележат и двете штипски јавни претпријатија „Исар“ и „Стипион“. Според директорот на ЈП „Стипион“, Панче Стефановски вели дека половина милион денари е добивката, а се должи на домаќинското работење во самото претпријатие.

- ЈП „Стипион“ во вториот квартал од 2023 година има реализирано добивка од околу 500 илјади денари. Оваа добивка се должи исполнување на програмите за уредување градежно земјиште, одржување на локални улици и патишта, како и користење на јавниот простор за паркирање, вели Стефановски.

Реалната добивка од 550 илјади денари во првиот полугодишен период има ЈП „Исар“. Директорот на ЈП „Исар“, Кирил Зајков вели дека Јавното претпријатие „Исар“ изврши реконструкција на одредени водоводни и канализациски мрежи, приклучување на нови домаќинства. Во делот на испорачана вода истакна дека се како и претходната година. Земени се 181 мостра и е извршена биолошко и техничко испитување.

- ЈП „Исар“ во 2023 година во првиот полугодишен период бележи позитива од 18 милиони 550 денари, ама се првенствено од оние кои вие како Совет ги доделивте како субвенција или помош. Ако се изостават реалната добивка е 550 илјади денари, вели Зајков.

Претходната година ЈП „Стипион“ во континуитет бележеше финансиска добивка, за разлика од ЈП „Исар“ кое покажуваше загуба. вд/ир

Фото: МИА

Остани поврзан