• среда, 17 јули 2024

Штипските ученици го одбележуваат месецот на науката

Штипските ученици го одбележуваат месецот на науката

Штип, 6 ноември 2023 (МИА) – Учениците од Општинското основно училиште (ООУ) „Гоце Делчев“ Штип денеска во уметничката галерија „Безистен“  организираа манифестација за одбележување на месецот на науката – месец ноември.

Наставничката по физика, Јулијана Поповска вели дека за првпат во Штип,учениците и нивните наставници прикажаа експерименти со кои се приближија до природните науки,.

-По повод месецот на науката ноември – нашето основно училиште „Гоце Делчев“ организираше манифестација со цел да се збогати љубовта на учениците кон природните науки. Оваа година оваа манифестација се одбележува за првпат во нашиот град. Се надеваме дека ќе продолжи и во иднина, вели Поповски.

Наставничката по математика, Атанаска Ристова вели дека географија, физика, математика и хемија се предмети кои треба да се приближат до учениците и ова е главната причина за органзиирање на денешниот настан.

-Со овој настан сакавме да ги приближиме природните науки, географија, физика, хемија и математика поблиску до учениците, рече Ристова.

Учениците  задоволни, велат дека се дел од манифестацијата за да се доближат до природните науки, преку изведба на разни експеримети, кои претходно ги направиле.

Знаењето поместува планина, но започнува со поместување мали камчиња, Наука за стекнување богатство – ова беа дел од пораките по кои се водеа учениците и беа дел од денешниот настан.вдј/свс

 Фото: МИА

Остани поврзан