• петок, 05 декември 2025

Штипските пожарникари со апел граѓаните да си ги чистат оџаците

Штипските пожарникари со апел граѓаните да си ги чистат оџаците

Штип, 4 декември 2025 (МИА) – Штипските пожарникари апелираат добро да се ичистат оџаците, со цел да нема пожари во текот на грејната сезона. Командирот на Територијалната Противпожарна единица (ТППЕ) –Штип, Благој Ренџов вели иако на почетокот на декември бројот на пожари на оџаци во куќи и станбени згради е намален  во споредба со минатите години, сепак граѓаните мора превентивно да ги исчистат оџаците, со цел да не дојде до пожари, во кои има голема материјална штета, но може и некој да го изгуби својот живот.

-Значи секогаш пред употреба на огревни дрва, треба добро да се проверат грејните тела и да се добро исчистат оџаците. Пожарите претежно настануваат од недобро исчистени оџаци, имаме запушување на оџакот и запалување на истиот, вели Ренџов.

Тој додава дека  мокрите дрва се најчеста причина за оџаците да се запушат, а потоа и да се предизвика пожар. Апелира граѓаните да бидат претпазливи и да внимаваат во своите чекори.

Како што велат од ТППЕ Штип во овој период од годината имаат намален број на интервенции на објекти, како и на отворен простор. вдј/дма/

Фото: МИА 

Остани поврзан