Штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ ќе организира отворен и кариерен ден
- Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип заедно со Стопанската комора организира Отворен и кариерен ден на УГД на 15 април во 11 часот во зградата на ректоратот. Во соопштението од УГД- Штип се наведува дека отворениот ден за средношколците е со цел да ги истражат можностите за нивните идни студии, како и да ги запознаат академиите и факултетите на коишто ќе студираат.

Штип, 10 април 2025 (МИА) - Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип заедно со Стопанската комора организира Отворен и кариерен ден на УГД на 15 април во 11 часот во зградата на ректоратот. Во соопштението од УГД- Штип се наведува дека отворениот ден за средношколците е со цел да ги истражат можностите за нивните идни студии, како и да ги запознаат академиите и факултетите на коишто ќе студираат.
-Универзитетот „Гоце Делчев“ ќе ви ги претстави условите за високо образование, со кое ќе можете да ги реализирате вашите животни цели, преку 12 факултети и три академии и над 70 студиски програми, преку кои добивате меѓународно призната диплома, бесплатна современа литература, висока и модерна дигитализација, најразвиена Еразмус + програма во државата и уникатно членство во голема европска универзитетска алијанса на девет универзитети ACE2EU, со заеднички студиски програми и бројни придобивки за студентите, се вели во соопштението од УГД-Штип.
Во рамките на ден на кариера студентите кои веќе студираат на УГД-Штип ќе можат да се поврзат со со најдобрите и најуспешните работодавци.
-Без разлика дали барате работа, стажирање, пракса или само сакате да дознаете повеќе за различните индустрии и да изградите познанства, овој настан е совршено место за вас, се наведува во соопштението од УГД-Штип
Денот на кариера на студентите е поддржан и спонзорирано од ЕАМ, Kolid Foods, МИК Свети Николе, ПЗУ Болница Плодност, рудник Саса и Јофатекс. Компании-учеснички се: Микросам ДОО Прилеп, ЗДВИЛ ЛИОН ДОО Св. Николе, Road Legends, Amphenol Technology, Поликлиника Мартини, Draxlmaier, Superior Global Service, NLB Тутунска Банка, Taskforce, Аптеки Бела Фарм, Career transition support North Macedonia, Ирибов МК Виница, ADIENT Seating, EVN, Бучим, ДООЕЛ Радовиш, Про Транс Диспеч, Фондација Прогресив Академија, Макпрогрес ДОО Виница, Халк Банка Скопје, Диаверум, Сава Осигурување ДОО Скопје, Декра Арбеит Скопје, Комерцијална Банка АД Скопје, Confindustria, Имако Вино, Про Кредит Банка, WVP, PharmaS, Стопанска Банка АД Скопје, Уни Банка, Штедилница „ФУЛМ“, ФС Штампа Хил, Ламинати Ком Прилеп, кои ги претставуваат областите како здравство, трговија, осигурување, финансии, производство и повеќе. вдј/
Фото: МИА