• четврток, 15 јануари 2026

Штипскиот градоначалник на средба со дежурните екипи за новогодишната ноќ

Штипскиот градоначалник на средба со дежурните екипи за новогодишната ноќ

Штип, 31 декември 2025 (МИА) - Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска оствари средба со вработените од државните и локалните институции кои вечерва ќе бидат дежурни за новогодишната ноќ и ќе се грижат за здравјето и безбедноста на граѓаните, обезбедување ред и мир во градот.

-Посакувам овие институции кои ќе бидат задолжени оваа вечер да имаат помалку работа, да помине мирна ноќ, граѓаните да ги почитуваат законите и еве во новата 2026 година посакувам многу здравје, среќа, бериќет, развој во нашиот град и соработка со сите институции, изјави Јорданов.

Од Брзата помош Штип со апел да не се претерува со храна и алкохол, со цел граѓаните да поминат празнично и да не завршат во болница на новогодишната ноќ. На терен на шеталиштето „Ванчо Прќе“, каде општината организира пречек на Новата 2026 година ќе бидат и пожарникарите одТППЕ Штип.

-ТППЕ Штип ќе имаме дежурна екипа, ќе бидеме на едносмерната улица и се надеваме дека ноќта ќе помине мирно, рече командирот на ТППЕ-Штип, Благој Ренџов.

Да се почитуваат законите, да не се вози со алкохол во крвта и да не се употребуваат пиротехнички средства апелираат и од СВР Штип. За сите дежурни екипи кои ќе работат за новогодишната ноќ, општината подели вредносни ваучери. вдј/фф/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан