• понеделник, 23 декември 2024

Штипската населба Осми Ноември доби две локации за паркинг простор

Штипската населба Осми Ноември доби две локации за паркинг простор

Штип, 9 февруари 2024 (МИА) - Во штипската населба Осми Ноември две локации се уредени и пренаменети за паркинг простор за жителите од овој дел од градот. Станува збор за просторот меѓу улиците „Енгелсова“ и булевар „ЈНА“, како и просторот меѓу „Енгелсова“ и Булевар „Партизанска“, истакна на денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Тој додаде дека активностите на терен продолжуваат и во наредниот период со цел да се одговори на барањата на граѓаните.

-Продолжуваме со уредување на позиции во населбата Осми Ноември. Она кое денес сакам да го истакнам е дека завршени се две паркинг позиции помеѓу станбени згради, нешто што беше барање на жителите од оваа населба. Затоа што се зголемува од година во години бројот на автомобили и потребата на граѓаните од паркинг место, вели Јорданов.

 За овие две паркинг локации, нивно осветлување и уредување општината издвои 1,5 милиони денари. Јорданов на денешната прес-конференција потенцираше дека продолжуваат и тековните работи на терен, како уредување на влезови пред станбени згради во повеќе населени места. Нов паркинг простор ќе има на уште една локација во истата населба. вдј/дма/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан