Штипската Клиничка болница доби ново амбулантно возило
- Ново амбулантно возило доби Клиничка болница - Штип. Станува збор за возило, кое е донација од штипска општествено одговорна компанија и ќе се користи за потребите на болницата. Директорот на Клиничка болница-Штип, Владко Захариев на денешната прес-конференција рече дека со зацврстување на соработката меѓу болницата и приватниот сектор сите придонесуваат за подобро здравство.
Штип, 1 октомври 2025 (МИА) –Ново амбулантно возило доби Клиничка болница - Штип. Станува збор за возило, кое е донација од штипска општествено одговорна компанија и ќе се користи за потребите на болницата. Директорот на Клиничка болница-Штип, Владко Захариев на денешната прес-конференција рече дека со зацврстување на соработката меѓу болницата и приватниот сектор сите придонесуваат за подобро здравство.
-Овој гест од приватна фирма е подадена рака за подобра соработка да имаме ние вработените и приватниот сектор со што се добива поквалитетно здравство. Ова не е помош, ова е донација, добар чин каде секој се грижи за поквалитетен живот, рече Захариев.

Посочи дека ова е седмо возило во возниот парк на болницата, кое ќе се користи за транспорт на пациенти. Возилото мерцедес ќе се стави во функција веднаш и ќе користи за потребите на болницата и нудење подобри услови за пациентите од Штип и регионот.
-Во моментот санитетски возила за транспорт на пациенти од овој тип и некои помали – имаме пет во функционална состојба, ова е седмо. Поновите се од 2021 година. Ова комбе, санитетско возило, е за транспорт на пациенти, кои ги имаме од Штип и регионот кои се повредени или им е потребен транспорт од други земји, изјави Захариев.
Тој додаде дека со донации се набавени и апарати во болницата, уредени се простории и подобрени се условите за сите пациенти. вдј/вг/
Фото: МИА