• петок, 26 јули 2024

Шпан бара воведување порестриктивни мерки во Германија

Шпан бара воведување порестриктивни мерки во Германија
Берлин, 15 април 2021 (МИА) - Германскиот министер за здравство Јенс Шпан апелира до 16 германски сојузни држави брзо да воведат построги ограничувачки мерки во обид да се спречи ширење на Ковид-19, јави германската новинска агенција ДПА. Тој додаде дека не треба да се чека на усвојување на национален закон за мерките. - Од минатата есен знаеме што се случува кога не реагираме брзо, изјави Шпан додавајќи дека лекарите очекуваат дека до крајот на месецот на одделенијата за интензивна нега да има 6.000 пациенти. ми/

Остани поврзан