• вторник, 02 јули 2024

Шошкиќ е трет најдобро оценет во досегашниот дел на ЕП во Португалија

Шошкиќ е трет најдобро оценет во досегашниот дел на ЕП во Португалија

Матошинос, 24 јули 2023 (МИА) - Бекот на македонската јуниорска селекција Андреј Шошкиќ е трет според просечниот индекс по воведните натпревари на Европското кошаркарско првенство Б-дивизија за играчи до 18 години.

 

На двете досегашни средби, Шошкиќ реализираше вкупно 49 индексни поени, или во просек по 24,5. Пред него се само Португалецот Рубен Преј, кој има просек од 30,5 индексни поени, и Андрин Нјок од Швајцарија кој е на 25,5 поени.  

 

Освен тоа, Шошкиќ е на делба на третото место на листата на најдобрите асистенти. Има младиот бек на Работнички просечни пет асистенции по меч, колку што има и Јорке Ав од Естонија.

 

Шошкиќ е и на петтото место на листата на најдобрите стрелци на турнирот во овој португалски град. Има просек од 19,5 поени по натпревар, лидери, со просек од 23 поени се Александар Гаваљугов (Бугарија) и Робертс Блумс (Летонија), пред Рубен Преј (Португалија) кој има 21, и Арден Бегај (Албанија) со 20,5. зс/

 

Фото: КФСМ

Остани поврзан