• понеделник, 25 ноември 2024

Шолц: Не треба да се претерува со очекувањата за мировната конференција за Украина во Швајцарија

Шолц: Не треба да се претерува со очекувањата за мировната конференција за Украина во Швајцарија

Берлин, 14 мај 2024 (МИА) - Германскиот канцелар, Олаф Шолц во интервју за магазинот „Штерн“ изјави дека „никој не треба да претерува со очекувањата“ за мировната конференција за Украина, која во јуни треба да се одржи во Швајцарија, јави ДПА.

-Нема да преговараме таму за да ставиме крај на војната. Во најдобар случај, ова е почеток на процес кој може да доведе до директни преговори меѓу Украина и Русија. Во Швајцарија тие ќе бидат за безбедноста на нуклеарните централи, извозот на жито, прашањето за размена на воени заробеници, рече Шолц.

Шолц исто така изрази разочарување од посветеноста на европските земји во војната во Украина. Тој истакна дека ова „искрено кажано се уште не е доволно“.

-На Украина итно и требаат повеќе системи за противвоздушна одбрана. Путин очигледно сака да ја уништи инфраструктурата на Украина, нагласи германскиот канцелар. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан