• сабота, 06 јули 2024

Шолц вети дека поддршката на ЕУ за Украина нема да ослабне, и покрај посетата на Орбан на Москва

Шолц вети дека поддршката на ЕУ за Украина нема да ослабне, и покрај посетата на Орбан на Москва

Берлин, 5 јули 2024 (МИА) - Германскиот канцелар Олаф Шолц вети дека поддршката на Европската унија за Украина нема да ослабне и покрај денешното контроверзно патување на унгарскиот премиер Виктор Орбан во Москва.

„Орбан не ја претставува ЕУ на посетата“, рече Шолц.

Тој нагласи дека „јасната порака на блокот е дека Украина може да смета на нашата солидарност, додека (рускиот претседател Владимир) Путин не може да смета на опаѓање на нашата солидарност и поддршка“. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан