• недела, 22 декември 2024

Шкотскиот парламент го избра Џон Свини за нов премиер

Шкотскиот парламент го избра Џон Свини за нов премиер

Единбург, 8 мај 2024 (МИА) - Новиот лидер на владејачката Шкотска национална партија (СНП), Џон Свини, денеска и официјално е избран за премиер на Шкотска, откако освои мнозинство гласови во Парламентот.

Свини вчера беше избран за нов лидер на СНП, пренесе N1, дополнувајќи дека тој и претходно беше на чело на партијата, од 2000 до 2004 година.

-Бидејќи мнозинството пратеници гласаа за Џон Свини, во име на Парламентот му честитам за неговата кандидатура за премиерската функција, изјави по гласањето претседателката на шкотскиот Парламент, Алисон Џонстон.

Премиерот на Шкотска го избираат пратениците во парламентот, а  Свини е избран на функцијата иако на неговата партија и недостигаат два гласа во парламентот за апсолутно мнозинство.

СНП, инаку, е најголемата партија во Шкотска со 63 од 129 пратенички места во парламентот.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан