• недела, 19 мај 2024

Шкендија се доближи на три бода до лидерот Струга

Шкендија се доближи на три бода до лидерот Струга

Штип, 22 април 2023 (МИА) – Шкендија ја победи Брегалница попладнево на гостувањето во Штип со 1:0. Ова беше првиот натпревар од 28. коло на Прва македонска фудбалска лига.

Тетовци ја запишаа 14. победа сезонава и му се доближија на лидерот Струга на само три бода.

Другите натпревари од ова коло се играат утре:
Скопје – Академија Пандев
Победа – Работнички
Силекс – Македонија ЃП
Тиквеш – Шкупи.

Слободна е екипата на Струга.

Табела: Струга 53 бода, Шкендија 50, Шкупи 45, Силекс 40, Брегалница 37, Македонија ЃП 33, Тиквеш 30, Работнички 28, Академија Пандев 22, Скопје 18, Победа 13. зс/

Остани поврзан