Шкендија елиминирана од Хајдук во младинската ЛШ
- Фудбалерите на Шкендија го завршија настапот во младинската Лига на шампиони (ЛШ), откако попладнево во Сплит загубија и во реваншот од Хајдук со 3-1 (2-0) и со вкупен резултат од 5-1 се елим
Сплит, 20 октомври 2021 (МИА) – Фудбалерите на Шкендија го завршија настапот во младинската Лига на шампиони (ЛШ), откако попладнево во Сплит загубија и во реваншот од Хајдук со 3-1 (2-0) и со вкупен резултат од 5-1 се елиминирани во 1. квалификациско коло.
По поразот минатиот месец во Скопје од 2-0, македонскиот младински првак ја преполови негативата на стадионот „Пољуд“ со голот на Меметриза Хамза во 29. минута.
Хрватскиот тим само две минути подоцна, сепак, го израмни резултатот преку Мате Антуновиќ, а со погодокот на Филип Чулиќ (40. минута) замина на полувреме со водство.
Конечниот резултат во 80. минута го постави Марко Бркљача. ег/вг/