• недела, 22 декември 2024

Шифрин ќе пропушти неколку недели поради повреда

Шифрин ќе пропушти неколку недели поради повреда

Вашингтон, 3 декември 2024 (МИА) - Американската алпска скијачка Микаела Шифрин ќе пропушти неколку недели поради повреда на стомакот по падот во Вермонт викендот на трка од Светскиот куп.

- Ќе бидат потребни најмалку неколку недели пред да се вратам. Ви благодариме за вашата љубов и поддршка, напиша Шифрин на социјалните мрежи.

На 1 декември, за време на нејзиното второ возење на велеслалом, Шифрин падна и удри во заштитната мрежа. Лежеше крај патеката  неколку минути пред да добие помош. Таа беше пренесена во медицинска установа.

Според „ESPN“, Шифрин нема оштетување на лигаментите, а нема ниту други сериозни повреди.

Дваесет и деветгодишната Шифрин е двократна олимписка шампионка, седумкратна светска шампионка и петкратна победничка во Светскиот куп. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан