• среда, 02 октомври 2024

Шејнбаум ја презема функцијата претседател на Мексико

Шејнбаум ја презема функцијата претседател на Мексико

Мексико Сити, 1 октомври 2024 (МИА) – Клаудија Шејнбаум денеска го почнува шестгодишниот мандат како прва жена претседател на Мексико. Таа доаѓа на местото на нејзиниот ментор, левичарот Андрес Мануел Лопез Обрадор.

Популарноста на Лопез Обрадор и помогна на 62-годишната физичарка и поранешна градоначалничка на Мексико Сити да победи на изборите во јуни. Таа ќе биде првиот претседател на Мексико со еврејско потекло.

Шејнбаум планира да ја продолжи политиката на нејзиниот претходник, иако со свои акценти, да ги следи неговите социјални програми и да ја прошири железничката мрежа.

Моќните наркокартели претставуваат еден од најголемите предизвици со кои се соочува земјата од 130 милиони жители. Таа се соочува и со тензии со САД, нивниот моќен северен сосед и главен трговски партнер.

Партијата Морена, која беше основана од Лопез Обрадор, ги контролира двата дома на мексиканскиот Конгрес и има за цел да го заштити неговото политичко наследство. ми/

фото: ЕПА

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан