• сабота, 23 ноември 2024

Шефот на Ред бул не исклучува можност паузата во Формула 1 да трае до мај

Шефот на Ред бул не исклучува можност паузата во Формула 1 да трае до мај
Лондон, 1 април 2020 (МИА) - Шефот на Ред бул, Кристијан Хорнер, изјави дека принудната пролетна пауза во сезоната 2020 во Формула 1 може да биде продолжена до почетокот на мај. Сезоната во тркачката серија сè уште не започна поради пандемијата на коронавирус. Сите екипи во Формула 1 престанаа да работат во своите бази на неодредено време. - Планираме да одржуваме конференции секоја недела за време на паузата од сезоната. Мислам дека може да се продолжи одложувањето на стартот. Сосема е реално тоа да трае до крајот на април или почетокот на мај, па дури и подолго. Овој проблем е на агендата на тимовите во Формула 1 и Меѓународната федерација за автомобили. На крајот логично е во донесувањето на решението да учествуваат сите тимови со помош на ФИА. зс/

Остани поврзан