• недела, 22 декември 2024

Шефот на ОН предупредува на климатска „болест“ на најголемиот КОП настан досега

Шефот на ОН предупредува на климатска „болест“ на најголемиот КОП настан досега

Дубаи, 1 декември 2023 (МИА) – Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска на климатската конференција КОП28 ги повика глобалните лидери да ја излечат „болеста“ што климатските промени ја предизвикаа на планетата.

- Поларниот мраз и глечерите исчезнуваат пред нашите очи, предизвикувајќи хаос низ целиот свет: од лизгање на земјиштето и поплави, до пораст на морињата, им рече Гутереш на делегатите на годишниот самит за климата на ОН.

- Но, ова е само еден симптом на болеста што ја турка нашата клима на колена – болест што само вие, глобалните лидери, можете да ја излечите, додаде тој.

Гутереш предупреди дека глобалното затоплување „ги уништува буџетите, ги зголемува цените на храната, ги нарушува енергетските пазари и ја храни кризата со трошоците за живот“.

На самитот учествуваат претседатели, премиери, експерти, активисти и лобисти за фосилни горива.

Според ОН, овогодишните разговори за климата КОП28 организирани од Обединетите Арапски Емирати се најголеми досега со околу 97.000 регистрирани учесници.

Ова ја прави конференцијата во Дубаи речиси двојно поголема од минатата година во Египет, која беше домаќин на околу 50.000 учесници, пренесе ДПА. јт/

Фото: ДПА

Остани поврзан