• петок, 28 јуни 2024

Шест пожари изминатово деноноќие во Куманово и Старо Нагоричане

Шест пожари изминатово деноноќие во Куманово и Старо Нагоричане
Куманово, 9 август 2022 (МИА) - Шест пожари се случиле изминатово деноноќие на подрачјето на Куманово и Старо Нагоричане, информираа денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово. Пожарникарите интервенирале на запалена куќа, помошен објект, но и на опожарена борова шума. ТППЕ Куманово, вчера гасела пожар на куќа во Куманово кај месноста „Стари Лозја“. Пожарникарите интервенирале 11:25 до 13:10 часот. Во куќата живее тричлено семејство кое ја загубило покуќнината. Пожар имало и во близина на автопатот накај Табановце каде горела сува трева, од 12:20 до 12:50. Во населбата Доброшане горел помошен објект. Во селата Брзак горела сува трева. Стрништа и трева гореле и на стариот пат Куманово-Скопје во атар на село Нкуштак, гореала сува трева и борова шума на приближно два хектари. Во Старо Нагоричане била опожарена сува трева во село Макреш. Тамошните пожарникари интервенирале од 12:10 до 14:30 часот.  ам/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан