• недела, 22 декември 2024

Шенгелија: Душата ме боли повеќе од рамото

Шенгелија: Душата ме боли повеќе од рамото
Тбилиси, 28 август 2022 (МИА) – Најдобриот кошаркар на Грузија, Торнике Шенгелија им се обрати на навивачите, изразувајќи жалење што поради повреда нема да може да и помогне на репрезентацијата на претстојниот Евробаскет.   - Од првиот ден, кога стана јасно дека Евробаскетот ќе се одржи во Грузија, веројатно не помина ниту еден ден без да размислувам за овој настан. Направив сè за да дојдам максимално подготвен на натпреварите и да ги исполнам очекувањата на навивачите. Но, во спортот, заедно со многу позитивни моменти, често се случуваат и такви моменти. Душата ме боли повеќе отколку рамото, бидејќи нема да можам да и помогнам на грузиската репрезентација во толку важен момент и нема да застанам на теренот покрај моите момци во вистинско време. Сепак, денес сум смирен, бидејќи го познавам карактерот на нашите навивачи и на нашите играчи и сигурен сум дека тешкотиите ќе им додадат мотив и сила, изјави Шенгелија.  Европското првенство во кошарка ќе се игра од 1 до 18 септември во Грузија, Германија, Чешка и Италија.   Грузија е во А-групата заедно со Шпанија, Црна Гора, Турција, Белгија и Бугарија. зс/

Остани поврзан