• четврток, 07 ноември 2024

Шеесетгодишнината од постоењето делчевската гимназија ќе ја одбележи со документарен филм

Шеесетгодишнината од постоењето делчевската гимназија ќе ја одбележи со документарен филм
Делчево, 25 февруари 2020 (МИА) - Делчевската гимназија „Методи Митевски-Брицо“ подготвува документарен филм за одбележувањето на 60-годишнината од своето постоење. По тој повод, како што информира директорот Љупчо Прачковски, до крајот на оваа година ќе бидат интервјуирани најуспешните професори и ученици кои своето средно образование го завршиле во Делчево и дале особен придонес во понатамошниот стопански развој на ова подрачје.
-Нашата гимназија по повод одбележувањето на 60 годишнината од формирањето на гимназијата има за цел да подготви еден документарен филм за самото значење на институцијата, за улогата која таа ја имала кон учениците кои излегле од установата и од кои денес имаме успешни поединци и граѓани. Имаме бивши премиери, министри за одбрана, високо образовни кадри кои оставиле свој белег во општественото живеење. Токму затоа ќе опфатиме дел од нив, како и дел од професорите кои беа меѓу првите генерации кои ги поставија темелите на гимназијата која може да кажеме дека е една од подобрите во државата, рече директорот Прачкоски.
Еден од првите професори кои дале свој придонес во работата на гимназијата е и Фиданчо Костадиновски кој им порача на новите професори повеќе внимание да внимаваат методскиот начин на настава.
-Јас дојдов на работа во гимназијата „Методи Митевски Брицо, коај прво се викаше Јане Сандански во 1965 година и од тогаш се до пензионирањето во 2003 година работев со полн стаж и 64 години старост. Им препорачувам на наставниците посебно да ја зајакнат методика и со практична работа да влијаат учениците повеќе да се бават со спорт, вели Костадиновски.
Првата средношколска институција во ова подрачје која од Јане Сандански беше преименувана во Методи Митевски Брицо се појави во учебната 1961/62. Оттогаш до денес оваа гимназија имаше за цел да образува кадри за понатамошен побрз стопански општествен развој во оваа подрачје. Гимназијата „Методи Митевски-Брицо“ во 1975 година прераснува во училишен центар за средно образование. вс/ир

Остани поврзан