• вторник, 27 август 2024

Швјонтек ја престигна Анин како број 1 на ВТА

Швјонтек ја престигна Анин како број 1 на ВТА

Лондон, 26 август 2024 (МИА) – Полската тенисерка Ига Швјонтек ја надмина Џастин Анин по најмногу недели на врвот на ВТА рангирањето.

Денес Анин ја започна својата 118-та недела како светски рекет број еден. 

Сега таа е сама на осмото место на вечната листа според оваа статистичка категорија.

Пред неа се: Ешли Барти (121 седмици како број 1 на ВТА), Моника Селеш (178), Мартина Хингис (209), Крис Еверт (260), Серена Вилијамс (319), Мартина Навратилова (332) и Штефи Граф (377). зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан