• петок, 18 октомври 2024

Швјонтек има нов тренер

Швјонтек има нов тренер


Варшава, 17 октомври 2024 (МИА) – Најдобрата светска тенисерка Ига Швјонтек објави денеска дека го ангажирала белгискиот тренер Вим Фисет, познат по соработката со многу други грен слем победници.
Дваесетитригодишната полска тенисерка, која во кариерата има пет грен слем титули во поединечна конкуренција, од кои четири на Ролан Гарос, објави претходно овој месец дека се разделува со својот поранешен тренер, Полјакот Томаш Викторовски, по тригодишна соработка.
На социјалните мрежи, Швјонтек објави дека е „среќна што може да објави дека Вим Фисет се приклучува на нејзиниот тим“.
„Се чини дека има добар пристап, визија и големо искуство на највисоко тениско ниво“, изјави Швјонтек.
Во минатото Вим Фисет работеше со големи ѕвезди на женскиот тенис вклучувајќи ги Белгијката Ким Клајстерс, Белорусинката Викторија Азаренка, Романката Симона Халеп и Германката Анжелик Кербер. ег

ФОТО: Фејсбук

 

Остани поврзан