• понеделник, 23 декември 2024

Шведските ракометарки набавија душеци од ИКЕА за поубав сон во Олимпиското село

Шведските ракометарки набавија душеци од ИКЕА за поубав сон во Олимпиското село

Париз, 25 јули 2024 (МИА) - Шведската женска ракометна репрезентација купи душеци од ИКЕА за престојот во Париз за време на Олимписките игри.

Според „Aftonbladet“, повеќето играчи на тимот нарачале душеци на сопствен трошок, бидејќи не биле задоволни од понудените во Олимпиското село.

- Проблемот не е што во Олимпиското село има картонски кревети - тоа многу ни одговара. Но, душеците се тврди. Тие се многу нови и ќе биде потребно време да омекнат. Чувствувавме дека едвај чекаме и решивме добро да се наспиеме од самиот почеток, изјави ракометарката Јамина Робертс.

Олимпијадата ќе се одржи од 26 јули до 11 август. зс/

Фото: Фејсбук „handbollslandslaget“

Остани поврзан