• вторник, 19 ноември 2024

Шаќири: Наша цел е да ја подобриме правната рамка во согласност со оние на ЕУ

Шаќири: Наша цел е да ја подобриме правната рамка во согласност со оние на ЕУ
Скопје, 26 август 2021 (МИА) - Министерството за информатичко општество и администрација информира дека во тек се активности за подобрување на правната рамка во однос на конкуренцијата во медиумскиот сектор и дека во тек е усогласувањето со законите на Европската унија (ЕУ). - Фокусот е на подобрување на правната рамка поврзана со конкуренцијата во медиумскиот сектор со цел да се развие и да биде економски одржлива, како и зајакнување на правната и социјалната заштита на новинарите, и нивните работнички права. Наша цел е да ја подобриме правната рамка во согласност со правото на ЕУ и меѓународните стандарди, со што ќе овозможиме поволна средина за слобода на медиумите и слобода на изразување, информира министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири. Тој додава дека особено ќе се фокусираат на фундаментална заштита на слободата на изразување, конкуренција и одржливост на медиумскиот пазар, работни односи и социјална заштита на новинари и медиумски работници, онлајн медиуми и нови платформи, финансиска и уредувачка независност на радиодифузерот, независноста и ефективноста на регулаторното тело за медиуми, социјална инклузија, државно финансирање и поддршка за медиумскиот сектор, комерцијално влијание врз уредувачката содржина, проблеми со авторските права, медиумски пристап за малцинствата и ранливите групи. - Сите овие процеси ќе се спроведат во широка консултација со засегнатите страни, преку Националниот совет за реформи во медиумите што се воспоставува, нагласува министерот Шаќири. свс/нд/

Остани поврзан