• понеделник, 23 декември 2024

Шахот почна да се изучува во основните училишта во Скопје 

Шахот почна да се изучува во основните училишта во Скопје 

Скопје, 10 ноември 2022 (МИА) – Две основни училишта на територијата на Град Скопје се првите кои воведоа изучување на шахот од прво до четврто одделение, а има најава да им се приклучат и други образовни институции, соопшти Шаховската федерација на Македонија (ШФМ).

Три месеци откако Бирото за развој на образованието и Министерството за образование и наука ја одобрија наставната програма, шахот како предмет е воведен во четири одделенија во Основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во општина Аеродром и четири одделенија во Основното училиште „Киро Глигоров“ во општина Центар.

-Има уште голем број на наставници и наставнички кои нè контактираат и имаат желба што поскоро да почнат. Правиме напори на сите навремено да им одговориме и да им помогнеме во имплементирањето на шахот како предмет во училиштата. Се надеваме дека наскоро ќе можеме да се пофалиме со многу поголем број училишта во кои децата може да се запознаат со тајните на шаховската игра, соопшти ШФМ.

Од ШФМ изразија голема благодарност до директорите на основните училишта и наставниот кадар кои ги „препознаа придобивките за децата од изучување на шахот и се вклучија во реализација на проектот“. ег/мд/

Остани поврзан