• четврток, 12 декември 2024

Чупеска: Ги снема најавените реформи во судството, ВМРО-ДПМНЕ одбра партизација и притисок

Чупеска: Ги снема најавените реформи во судството, ВМРО-ДПМНЕ одбра партизација и притисок

5 декември 2024

Ова ВМРО-ДПМНЕ што го прави е далку поопасно за независноста од судството од било која политика на преходните влади. Наместо да го реформираат судството, тие се обидуваат да го партизираат. СДСМ и граѓаните не смее да дозволи правдата да биде алатка за злоупотреби на партиите на власт, рече потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска на денешната средба со партиските членови во Аеродром.

-Сите знаеме дека состојбата со судството е далеку од она што го заслужуваат граѓаните. Како партија ја разбираме недовербата која што постои. Но решението не е во партиска контрола и мешање во работата туку спроведување на реални независни реформи.  Владата на ВМРО-ДПМНЕ веќе почна со најави за распуштање на судските и обвинителските совети и со тенденции за именување лојални партиски луѓе и најстрашно со директни притисоци врз независни судии. Ова не е реформа, ова е чист обид за поставување на контролирано, партиско судство кое нема да служи на граѓаните, туку на нивните интереси, рече Чупеска.

Еднаш поминавме ваков режим и добро знаеме што значи тој, судство и обвинителство што му служат на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, и така секој кој е неподобен за власта ќе биде нејзина цел за апсења и притисоци, додаде таа.
 
-Граѓаните на оваа држава заслужуваат судство кое ќе донесе вистинска правда, а не партиска правда на ВМРО-ДПМНЕ, рече потпретсадтелката Ана Чупеска.

СДСМ
Центар за комуникации со јавноста

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан