Чудна појава на небото над Бугарија
- Oвaa појава се нарекува „црн прстен“ и првпат е забележана во Казахстан, 2015 година.
Софија, 3 ноември 2022 (МИА) - Редок феномен е снимен на небото над Бугарија. Видеоснимката првпат ја објави Фејсбук-страницата „Метео Балканс“ (Meteo Balkans).
Oвaa појава се нарекува „црн прстен“ и првпат е забележана во Казахстан, 2015 година. „Црниот прстен“ се појавува кога мали вселенски тела влегуваат во атмосферата на Земјата, нагло престануваат да се движат и се распаѓаат. Меѓутоа, овој „црн прстен“ остана пониско во атмосферата, па можно е тоа да е само погуст остаток од некакво запалување или горење претходно. си/