• недела, 22 декември 2024

Човекот осомничен за набавката на пејџерите за Хезболах заминал за САД и оттогаш му се губи трагата

Човекот осомничен за набавката на пејџерите за Хезболах заминал за САД и оттогаш му се губи трагата

Вашингтон, 27 септември 2024 (МИА) - Ринсон Хозе (39), основачот на бугарската компанија „Норта Глобал“, што наводно била вклучена во синџирот за снабдување со пејџери на Хезболах, исчезнал за време на службено патување во САД минатата недела, јави Индекс.хр, дополнувајќи дека норвешката полиција против него издаде меѓународна потерница.

„Вчера добивме дојава дека исчезнало лице поврзано со пејџерите. Отворен е случај за исчезнато лице и по него распишавме меѓународна потерница“, соопшти полицијата во Осло.

Хозе одби да зборува за пејџерите во новинари на Ројтерс кои го контактирале на 18 септември, кога има ја спуштил слушалката откако бил прашан за работењето на компанијата во Бугарија. Потоа повеќе не одговарал на повиците и пораките на новинарите.

Освен што има своја компанија, Хозе работел и во одделот за продажба на норвешката медиумска компанија DN Media Group.

Работодавецот потврди дека Хозе патувал на конференција во Бостон на 17 септември, но изгубил контакт со него следниот ден.

Според бугарскиот корпоративен регистар, во 2022 година, Хозе ја основал „Норта Глобал, компанија со седиште во главниот град Софија.

Бугарските власти ја испитуваа улогата на компанијата во снабдувањето на пејџерите, но не најдоа докази дека тие биле произведени или извезени од Бугарија.

Во експлозиите на пејџери, за кои е обвинет Израел, загинаа 12 лица, меѓу кои две деца, а беа повредени околу 2.800 други.сд/

Остани поврзан