• среда, 11 март 2026

Членови на собраниски комисии на состанок со претставници од Секретаријатот на енергетската заедница

Членови на собраниски комисии на состанок со претставници од Секретаријатот на енергетската заедница

Скопје, 11 март 2026 (МИА) - Членовите на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Комисијата за европски прашања на Собранието ќе одржат состанок со претставници од Секретаријатот на енергетската заедница.

На состанокот, како што информира собраниската прес-служба, ќе биде извршена презентација на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската заедница во Република Северна Македонија за 2025 година, од страна на директорот Артур Лорковски. сст/вј/

фото МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан